Достапни линкови

Предвремени избори?


Можни ли се предвремени избори?

Можни ли се предвремени избори?

Според домашните аналитичари, напнатата атмосфера на политичката сцена укажува на тоа дека партиите се подготвуваат за можни предвремени избори.

Засилените обвинувања и препукувања и интензивираната меѓупартиска напнатост, како на релација ВМРО-ДПМНЕ така и на релација ДУИ-ДПА укажуваат на тоа дека партиите секако се подготвуваат за предвремени избори, анализираат дел од експертите. Малкумина го знаат датумот на тие избори, но на сите им е јасно дека ова е време за нови позиционирања на политичката сцена. Ваквата атмосфера ја подгреваат многу малите шанси да се оствари некаков напредок во нашите интеграци во ноември како преку извештајот од ЕК така и на самитот на НАТО во Лисабон.
Јас мислам дека реално може да се очекува да има предвремени избори и реално моментот ќе биде најадекватен за владеачката
структура.


„Јас мислам дека реално може да се очекува да има предвремени избори и реално моментот ќе биде најадекватен за владеачката структура, или каде што ќе се надева на победа или на најмала штета од евентуалниот неприем во НАТО или извештајот на ЕК кој ќе укаже и на некои ретроградни процеси во некои од бенчамарковите“, вели аналитичарот Алберт Муслиу.


Самитот на НАТО ќе биде главната пресвртница во начинот на водење на политиката додаваат експертите, а со оглед на тоа што овој настан ќе ги предизвика партиите да се борат за политички рејтинг. Ова пред се оттаму што јасната порака дека спорот за името нема да може да се заобиколи ќе предзвика поделби меѓу и во самите партии, анализира политикологот Петар Арсовски. Долгото исчекување нешто да се случи со ова прашање како и на економски план од една страна и навиката да се води негативна кампања, додава Арсовски, прават целата атмосфера да станува уште понапната.
Никој не зборува за сопствените програми и решенија, сите зборуваат против програмите и решенијата на другите, така што тој напад стана
секојдневие.


„Никој не зборува за сопствените програми и решенија, сите зборуваат против програмите и решенијата на другите, така што тој напад стана секојдневие. Таа општа зачмаеност во која се наоѓаме последните неколку години, која создава и една интерна нервоза и кај партиите и кај граѓаните и кај сите во очекување нешто да се случи, значи дали да ’мрдне‘ економијата, дали да го решиме проблемот со името.“

Според него, решавањето на спорот за името би била и основната политичка платформа на која би се засновале нередните избори, дали ќе може да се најде начин прашањето да се надмине за да можат работите дури и на економски план да се придвижат нанапред. Датумот на евнтуалните избори нема да може да се определи пред завршувањето на НАТО самитот во втората половина на ноември, додаваат експертите и во нивното распишување интерес би можеле да најдат во овој момент и власта и опозицијата поради надежта за подобро позиционирање. Поради тоа не е ни чудно што веќе подолг период се наоѓаме во континуирана кампања којашто ја водат и двете страни. Последниве денови тензијата на релација власт опозиција ја зголеми документацијата со којашто владејачката партија побара одговорност за Стевче Јакимовски од периодот кога бил министер за економија, како и извадените досијеа со кои ДПА се обиде да докаже соработка со тајните служби на тројва високи функционери на ДУИ.
XS
SM
MD
LG