Достапни линкови

Партија на Дора Бакојани за еден месец


Новата партија на поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани ќе биде формирана за еден месец, соопшти таа.
Бакојани во јули го објави создавањето на граѓанскиот „Форум за Грција“, откако беше исклучена од опозициската Нова демократија поради несогласувањето со политиката на партијата.
Бакојани глсаше за мерките на штедење што ги предложија владејачките социјалисти и го загуби местото во Нова демократија. Во партијата, што некогаш беше раководена од нејзиниот татко Константинос Мицотакис, кој поранешен премиер на Грција, таа членуваше три децении.
XS
SM
MD
LG