Достапни линкови

УКИМ - „Леснотијата на Министерот за образование Тодоров“


По повод јавно искажаните ставови на министерот за образование и наука Никола Тодоров, во врска со организациската структура и функционирањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18.10.2010 година Ректорската управа на Универзитетот одржа вонредна седница, по што го издава следново соопштение:

„Не сме изненадени од леснотијата со која министерот ги пласира своите ставови и идеи, зашто тоа не е првпат, но мораме да реагираме затоа што доаѓаат од министер.“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, целиот процес на имплементација на болоњските реформи го понесе на сопствен грб и со сопствени средства, без никаква финансиска помош, и најмалку што може да очекува од еден министер за образование и наука, е да изјави дека на Универзитетот се се гледа низ призмата на средствата.
Изјавата, пак, дека УКИМ е гломазен, законски наводно интегриран, а според министерот дезинтегриран и треба да се организира по принципот на Сорбона (да се подели на 5 универзитети) и за 5-10 години ќе стане дел од Шангајската листа, уште еднаш упатува на елементарно непознавање на работите. Потенцираме дека УКИМ е апсолутно интегриран, по еден сложен и долготраен процес, согласно со законот и согласно болоњските принципи.
XS
SM
MD
LG