Достапни линкови

Интервју - Дарио Сканапиеко


Македонија ќе ја продлабочува соработката со ЕИБ. Од средбата меѓу потпретседателот на ЕИБ Сканапиеко и министерот за финансии Ставревски
Македонија ќе ја продлабочува соработката со ЕИБ. Од средбата меѓу потпретседателот на ЕИБ Сканапиеко и министерот за финансии Ставревски

Кога една компанија ќе реши да отвори нова фабрика во вашата земја важно е системот да функционира и да има чист правен систем.

Господине Сканапиеко, кои се потребните услови што земјава треба да ги има за да стане привлечна за странските инвеститори?

Одговорот би бил атрактивност и конкурентност, што значи дека создавање на бизнис средина која е атрактивна за странските инвеститори и тоа значи на пример инвестиции и во опиплива и во неопиплива инфраструктура. Таа е клучна, бидејќи на компаниите кои ќе дојдат во земјата ќе им биде потребен пат, железнички линии со цел да ги извезуваат продуктите кои ќе ги произведат. Исто така многу е важно е да имате вешт човечки капитал, значи да имате квалификувана работна сила, која им е потребна на странските компании, кои сакаат да инвестираат овде. Другиот аспект за кој сметам дека исто така е многу важно да се создаде е она што го
нарекуваме софтверски предуслов, значи во случајов станува збор за правен систем кој е јасен и ефикасен, даночен систем кој е чист и кој е прилагоден на инвеститорите. Сето тоа се аспекти кои даваат сигурност дека администрацијата функционира како што треба.

Дали рекламите на познатите светски телевизиски канали како CNN имаат ефект врз потенцијалните инвеститори и дали се исплатат?

Тие сигурно може да ја зголемат перцепцијата во однос на напорите што земјата ги прави за да го привлече вниманието на странските инвеститори. Но, она што е важно кога една компанија ќе реши да отвори нова фабрика во вашата земја е системот да функционира. Како што кажав потребна е инфраструктура, ефективна јавна адмистрација и чист правен систем. Тоа се факторите кои ќе бидат анализирани од компаниите, кои размислуваат да го прошират своето производство во Македонија.

Дали според вас има влијание и тоа што Македонија се уште не е членка на Европската унија и НАТО?

Фактот дека Македонија се уште не е членка на Европската унија не ја спречува земјата да работи на привлекувањето на странски инвеститори. Она што може да се види дека многу реформи се спроведуваат и дека се создава бизнис и правна средина, која е блиска до онаа на земјите членки на Европската унија и разликата меѓу вашата земја и нив веќе и не е толку голема.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG