Достапни линкови

logo-print

Претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј утре во Македонија


Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј утре доаѓа во Скопје на средби со македонскиот државен врв.
Главна тема на разговорите, според најавите, ќе биде претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, а се очекува да стане збор и за билатералниот проблем за името со Грција, како клучна пречка за македонската евроинтеграција.
Еднодневната посета на Ван Ромпуј на Скопје е во рамките на неговата балканска турнеја. Покрај Македонија, ќе ги посети и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.
XS
SM
MD
LG