Достапни линкови

logo-print

Предвремени избори на Косово на крај на Ноември?


Шестмина членови од косовската Влада од помалиот партнер во владејачката коалиција, Демократскиот сојуз на Косово, ќе поднесат денеска оставки.
Меѓу двата коалициски партнери - Демократскиот сојуз на Косово на доскорешниот претседател Фатмир Сејдиу, кој поднесе оставка, и Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи се појави напнатост.
Сејдиу беше принуден да поднесе оставка кон крајот на септември, откако Уставниот суд одлучи дека нема право во исто време да ја врши функцијата шеф на државата и лидер на партијата.
Според извори од косовската Влада, по настанатата криза парламентарните избори можат да бидат организирани во рок од 45 дена на крајот на ноември или почетокот на декември.
XS
SM
MD
LG