Достапни линкови

Средба на лидерите на Германија, Франција и Русија


Рускиот претседател Дмитри Медведев и германската канцеларка Ангела Меркел денеска на покана на францускиот претседател Никола Саркози ќе бидат дел од самитот кој ќе се одржи во северниот нормандиски град Довил. Тема на дводневните разговори ќе биде европската безбедност. Според најавите учесниците ќе се обидат да го убедат Медведев да соработува во конструкцијата на нов ракетен штит, кој ќе биде наменет за заштита од напади од земји како Иран.
XS
SM
MD
LG