Достапни линкови

Филмски грабеж на златарници во Багдад, осум мртви


Најмалку осум лица загинаа во вооружен грабеж на неколку златарници во западниот дел на Багдад. Златарниците биле една до друга. Напаѓачите бил вооружени со рачни бомби и пиштоли и убиле тројца вработени во златарниците.
При бегството, ограбувачите биле пресретнати од ирачките безбедносни сили. Во престрелката загинале двајца разбојници и тројца полицајци. Неколкумина ограбувачи успеале да избегаат.
XS
SM
MD
LG