Достапни линкови

Гласање и пресметки во Карачи, 22 мртви


Почна гласањето на специјалните избори во најголемиот град во Пакистан, Карачи, откако во судирите во текот на ноќта загинаа 22 луѓе. Изборите се одржуваат за пополнување на едно пратеничко место, откако во август беше убиен пратеникот Раса Хајдер од партијата на пакистанците што зборуваат на Урду јазик.
Ривалската парија на пакистанците што зборуваат на Пашту јазик ги бојкотира изборите зашто смета дека се наместени.
Двете групи се судрија ноќеска. На гласачките места има распоредено многу полиција.
XS
SM
MD
LG