Достапни линкови

Меркел - Пропаднаа обидите за германско мултикултурно општество



Канцеларката Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека германските обиди да се создаде мултикултурно општество „не успеаја, целосно не успеаја“.
Зборувајќи на состанокот на нејзината Христијанско-демократска парија во градот Потсдам, Меркел рече дека децениите во кои им се допушташе на луѓето со различен културен бекграунд да живеат едни покрај други без да се интегрираат во општеството, не успеа во Германија.

„Во Франкфурт на Мајна, две од три деца помлади од 5 години имаат имигрантско потекло. Нашата земја во 60-тите години ги повика странските работици во Германија. Сега тие живеат со нас. Едно време се залажувавме дека нема да останат, дека некогаш сепак ќе си одат. Тоа не се случи. Овој [мултикултурен] пристап, со посочување дека живееме едни покрај други и сме среќни поради тоа, овој пристап не успеја, целосно не успеја.“

Меркел ги повика емигрантите кои живеат во Германија повеќе да се трудат да се интегрираат и брзо да го научат германскиот јазик.
XS
SM
MD
LG