Достапни линкови

Ватикан денеска канонизира светци


Папата Бенедикт 16 денеска треба да ја канонизира сестрата Мери Мекилоп како прв католички светец од Австралија. Се очекува, илјадници Австралијци да ја следат церемонијата за канонизација што ќе се одржи во Ватикан на големи видео-бимови. Сестрата Мери Мекилоп која починала во 1909 година важи за пионер на образованието во Австралија. Таа е основач на првиот верски ред во земјата Сестри на Свети Јозеф од Светото срце.
Во Ватикан, денеска ќе бидат канонизирани за светци и луѓе од Канада, Шпанија, Полска и Италија.
XS
SM
MD
LG