Достапни линкови

Босанската економија се подобрува


Економската ситуација во Босна се подобрува, па затоа нема потреба земјата да го повлече целиот износ од новата транша на кредитот што и беше одобрен од ММФ. Ова го изјави гувернерот на Народната банка на БиХ, Камал Козариќ, кој рече дека девизните резерви се стабилизирани и оти очекува да се зголемат до крајот на годинава.
ММФ во петокот и одобри на Босна кредит од 132,8 милиони евра, но земјата реши да искористи само 38 милиони евра. Босна ја користи помошта за покривање на буџетскиот дефицит.
XS
SM
MD
LG