Достапни линкови

Албанци протестираа пред српската амбасада во Скопје


Стотина Албанци денеска се собраа пред српската амбасада во Скопје, во знак на протест против палењето на албанското знаме на прекинатиот фудбалски натпревар Италија-Србија во Џенова.
Демонстрантите играа фудбал пред амбасадата и бараа извинување за палењето на знамето.
Тие носеа маици со албански симболи и пароли „Исфрлете ја Србија“.
Организатори на протестот се неколку албански невладини организации. Протестот помина без инциденти.
XS
SM
MD
LG