Достапни линкови

Партијата на Сејдиу ја напушти косовската владејачка коалиција


Поранешниот претседател на Косово и лидер на ДСК, Фатмир Сејдиу
Партијата на поранешниот косовски претседател Фатмир Сејдиу ја напушти коалициската влада на премиерот Хашим Тачи. Демократскиот сојуз на Косово(ДСК) соопшти дека в понеделник шестемина нејзини членови во владиниот кабинет ќе поднесат оставка.

Официјално, не се соопштуваат причините за повлекувањето, но ДСК и Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи изминатиот период има одредени несогласувања.

Заменик-претседателот на Демократската партија на Косово и вицепремиер Хајредин Кучи изјави дека одлуката на Демократскиот сојуз на Косово да се повлече од владината коалиција предизвика институционална криза од која може да се излезе со предвремени избори.

В.д претседателот на Косово, Јакуп Красниќи вчера изјави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 13 февруари.
XS
SM
MD
LG