Достапни линкови

Калифорнија ја легализира марихуаната?


Американската влада најави „енергично спроведување“ на федералните закони против марихуаната, дури и ако гласачите во Калифорнија, на референдумот наредниот месец одлучат да легализираат поседување мало количество марихуана во најнаселената американска сојузна држава. Ова го изјави главниот обвинител Ерик Холдер.
Ако предлогот биде прифатен, возрасните граѓани ќе може легално да поседуваат до 28 грама марихуана и ќе може да одгледуваат мали градини со ова растение на нивниот приватен имот.
Во 1996 година, Калифорнија стана првата држава во САД што одобри користење марихуана во медицински цели. Властите тогаш најавуваа остри мерки, но 15 години подоцна ’цвета‘ бизнисот со медицинска марихуана во Калифорнија, вреден неколку милијарди долари.
XS
SM
MD
LG