Достапни линкови

Три години од смртта на Тоше Проески


Со осветување на 33 метарскиот крст кај манастирот Св. Преображение во Крушево денеска напладне ќе бидат одбележани три години од смртта на Тоше Проески. Трите години од загубата на Тоше се одбележуваат и со други иницијативи. Несреќата во која загина најголемата музичка ѕвезда во Македонија, се случи утрото на 16 октомври 2007 година во близина на Нова Градишка, кога џипот „туарег“ управуван од Ѓорѓи Ѓорѓиевски на пат кон Загреб удрил во камион, па во заштитната ограда на автопатот. Тоше загина на самото место, а Ѓорѓиевски и менаџерката на Тоше Лилјана Петровиќ имаа полесни повреди.
XS
SM
MD
LG