Достапни линкови

Македонија ќе стане членка на НАТО со референцата ПЈРМ, изјави Иванов


Македонија ги има остварено сите обврски и заслужува членство во НАТО, а тоа го знаат и сите упатени аналитичари во состојбите, изјави претседателот Ѓорге Иванов, одговарајќи на новинарско прашање колку е реална иницијативата на американската Фондација „Херитиџ“, администрацијата на претседателот Барак Обама и земјите - членки на НАТО да ја притиснат Грција за влез на Македонија во Алијансата на Самитот во Лисабон. Веројатно, според овие анализи, Македонија ќе стане членка во НАТО со привремената референца, согласно Привремената спогодба, изјави Иванов, по денешната работна посета на Кочани.
XS
SM
MD
LG