Достапни линкови

Анџелина Џоли во обид да ги надмине недоразибарањата со некои Босанки


Анџелина Џоли на снимањето на филомот
Американската актерка Анџелина Џоли денеска изјави дека би сакала да се сретне со жртви од војната во Босна и Херцеговина за да ги расчисти сите недоразбирања во врска со нејзиниот филм. Имено, на Џоли не и е одобрена лиценца за снимање на сцени во Сараево и во Зеница, кое беше предвидено за во ноември, бидејки здружението на “Жени, жртви од војната” се спротистави откако беше објавено дека во филмот станува збор за љубовна врска меѓу силувана жена муслиманка и нејзиниот силувач, србин. Анџелина Џоли ги демантира ваквите гласини и изјави дека една од причините за снимањето на овој филм, што е нејзино деби како режисер, да потсети на страдањата на луѓето за време на војната во Босна.
XS
SM
MD
LG