Достапни линкови

logo-print

Партиска книшка, па работа


Владата преполна со службеници

Владата преполна со службеници

Партиските вработувања ’рак рана‘ на македонското општество. Секоја партија ја користи администрацијата за вработување на партиски членови, потенцијални гласачи.

Познавање на странски јазици, компјутери, завршено високо обраозвание, дипломи од разни курсеви, подготвеност за тимска работа, искуство или пак партиска книшка, роднински врски, заслужност во партија, што е потребно за вработување?
Веќе со години нанзад за вработување под капата на државата не се потребни само професионализам и квалилети, туку едноставно работата се дели на заслужни партиски членови и нивните семејства. Работата е отидена до таму, што повеќе не ни смета неупатениот службеник во некоја институција, помладниот референт што не знае ни што му е функцијата, тоа што дел од нив не зборуваат добро македонски, незнаат да вклучат компјутер, се жалат дека не го разбираат новиот систем на работа иако е нов веќе 2,5 години.

Партиските и рамковните вработувања ја ,,наполнија" администрацијата

Но и покрај критиките кои доѓаат и од домашните експерти и од меѓународните институции дека треба да се престане со партиските вработувања кои пак можат да вродат со нови проблеми, сепак која било партија да е на власт работите не се менуваат. Во екот на
Обично секогаш се гледа по партиска линија и сами гледате. Една партија ќе дојде на власт ќе си вработи свои, доаѓа друга партија тие ги отпушаат, вработуваат свои
изборите 2002 СДСМ беше партијата која обвинува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ на заминување ја пумпа администрацијата со свои приврзаници. Но, и по враќањето на СДСМ на власт не се случија некои подраматични отпуштања. Затоа, пак, од тогаш пополнувањето на администрацијата тргна во друга насока, бидејќи требаше да се исполни „рамковниот принцип“ за правична застапеност на припадниците на помалите етнички заедници. Турканиците за работно место во администрацијата, се чини, изостанаа само во предизборието 2006 година, во добар дел и поради отпорот на тогашниот министер за финансии Никола Поповски, кој се повикуваше на препораките на ММФ за рационализација на државниот и јавниот сектор. Но, и тогаш ВМРО обвини дека Зоран Заев си вработувал партиски членови во општина Струмица, а последниот пример но во обратна насока е кога пред некој месец СДСМ обвини за 600 нови партиски
вработувања во Рек Битола. Турканиците за работно место во администрацијата, се чини, изостанаа само во предизборието 2006 година, во добар дел и поради отпорот на тогашниот министер за финансии Никола Поповски, кој се повикуваше на препораките на ММФ за рационализација на државниот и јавниот сектор. Подоцна, социјалдемократите анализираа дека малиот процент на вработувања во администрацијата е една од причините што ги чинеле губење на власта.
Вработувањето со партиска книшка стана сосема нормално во општеството, така што оние кои сакаат да се вработат чекаат „нивните“ да дојдат на власт за да ќарат некоја функција, а членувањето во парија им е прва точка од CV-то за работа. На граѓаните им е сосема јасно дека ако сакаат вработување во администрација, школство, здравство, судство или се она што се пла ќа преку буџетот, партиската книшка им е билет за внатре.
Ако си партиски определен ќе те вработатат, ако не нема

,,Партиска книшка, пријатели, има разни работи."

,,Обично секогаш се гледа по партиска линија и сами гледате. Една партија ќе дојде на власт ќе си вработи свои, доаѓа друга партија тие ги отпушаат вработуваат свои."

,,90 отсто од партиска книшка зависи."

,,Партиска книшка, врски и можеби и среќа малку."

,,Ако си партиски определен ќе те вработатат, ако не нема."

Социологот Илија Ацески вели дека луѓето станале практични и како нормално го прифатиле однесувањето на партите да си го вработуваат свето членство кога ќе дојдат на власт, затоа што знаат дека со тоа им се зголемуваат шансите за вработување.

,,Секоја партија како да има еден натпревар за што поголем број на вработени членови во администрацијата, а со тоа што поголемо гласачко тело."
Секоја партија како да има еден натпревар за што поголем број на вработени членови во администрацијата, а со тоа што поголемо гласачко тело


Наместо осуда, појавата станува вкоренета вредност

Граѓаните се фаќаат за сламка. Во услови кога повеќе од 30 проценти од населението е без работа, луѓето се чуствуваат благодарни кога ќе добијат работа и наместо на појавата да се гледа како на негативна таа полека се вкоренува како вредност, и нема кој да ја искорени, вели Ацески.

,,Значи немаме кој да ги потикне луѓето да размислуваат дека на некој начин тие што се вработуваат можеби се против нивните интереси."

Во публикацијата ,,Барамоетр за еднакви можности" издаден од Македонскиот центар за меѓународн асоработка се наведува дека 67 проценти од испитаниците сметаат дека партиската припадност е главен фактор за вработување. За разлика од кај нас во ЕУ факторот политичка припадност не влијае врз вработувањето. Истражувањето покажало и дека над 60 проценти сметаат дека дискриминацијата по партиска основа е почеста сега отколку пред 5 години. Со политчка дискриминација при вработување се соочуваат повеќе мажите отколку жените и повеќе албанцит еотколку макеоднците. А сето тоа допринесува луѓето на возраст од 19 до 37 години да се разочарани во институциите и да сметаат дека властите не вложуваат напори да ги променат работите.
Кога ќе видат дека партиските вработувања функционираат и брзо се остваруваат макар да платата не е нешто голема, но сигурна, по таа логика младите се определуваат по линија на помал отпор


,,Припадноста на политичката партија излезе дека е најперцепираниот облик, дека граѓаните најмногу сметаат дека има дискриминација по однос на припадност на политичка партија, што значи предност при вработување, пружање услуги и сл, дека тоа најмногу влијае дали ќе добие или не работа."

вели Александар Кржаловски од МЦМС.
Професоорт Христо Каталов вели дека луѓето одат по помал отпор и наместо да вложуваат во себе во своето образование, ќе земат партиска книшка и ќе чекаат вработување.

,,Кога ќе видат дека партиските вработувања функционираат и брзо се остваруваат макар да платата не е нешто голема, но сигурна, по таа логика младите се определуваат по линија на помал отпор."

Но, сето тоа им праќа една лоша порака на младите, вели Карталов:

,,Немојте да се секирате, тука е партијата што ќе ве вработи, вие немора да размислувате. Тоа е погубно за заедницата."

Експерите велат дека власта само вдомува партиски активисти кои треба да и се најдат за новите избори. Партиските вработувања
Токму заради интересот на политиката кога ќе дојдат на власт да вградат во институциите свои луѓе, дел заради тоа што ветиле за време на изборите на оние што ,,трчале за нив" дека ќе ги вработат и дел за да обезбедат сигурни гласачи
особени се актуели околу изборите, тогаш се отвараат нови функции, се смислуваат нови работни места, што потоа резултира со по 4-5 службеници сместени во мала канцеларија во која нема место за сите, или дотаму што стотици луѓе седат дома и земаат 80 проценти од платата со образложение дека нема физички услови во институциите за нивно нормално ангажирање. И експертите предупредија дека во земјава има превработеност во јавната администрација. Експертот за администрација Борче Давитковски вели дека партиската припадност треба да се остави на страна при вработувањето.

,,Претпоставувам има такви кои што се стручни и компетентни, а не одат врз основа на партиски листи, да бидат примени преку верификација, проверка на знаењето и веднаш да им се даде решение и да бидат распределени на соодветни места."

Но, во земјата практиката е поинаку, вработувањата се диктираат од партиските штабови, наместо да се почитува законот, вели професорот Давитковски.

,,Тие што не се партиски припадници неможат да конкурираат и едноставно да бидат примени на соодветни места."

Преобемната администрација постојано на удар на критиките на ЕУ

Според истражувања на меѓународни агенции, Македонија има една од најмногубројните јавни администрации во Европа, за која се проектира и најголем буџет, кој изнесува 50 проценти од домашниот бруто-производ, при европски просек од 28 проценти. И додека партиите си го трасираат патот за нови избори, Европската Унија очекува земјата да напредува во реформите. Години назад како критична точка се наведува јавната амдинистрација. Брисел е незадоволен од партиските вработувања, кои се пречка за создавање ефикасна администрација која може да ги спороведува европските регулативи. Професорот по трудово право Осман Кадриу вели дека постоечките закони строго забрануваат вработувањата да се изведуваат по партиски клуч. Но, едно се правилата, а друго се спроведува во практика.

,,При нивното вработување, или при нивнот статус додека се во работен однос апсолутно никогаш не смее да се води сметка покрај другите услови што и Уставот и законот ги подвлекува, прашањето за дискриминација по овој основ."

Професорот Кадриу вели дека законот предвидува и соодветни санкции за кои кои не го почитуваат законот.
Но, освен што е гломазна, партизирана, администрацијата често е и корумпирана. Првиот чекор кон професионална администрација е државата да восопостави вредносен систем и да се вработуваат компетентни наместо партиски челнови во амдинистрацијата, вели антикорупционерката Слаѓана Тасева. Но пршањето е дали постои политичка волја да се променат состојбите, се прашува Тасева.

,,Постојано зборуваме за декларативноста во сите наводни реформи кои што се прават, значи ние ќе ставиме нешто на хартија, но тешко оди во имплементација, во практиката никаде тоа неможеме да го видиме и препознаеме токму заради интересот на политиката кога ќе дојдат на власт да вградат во институциите свои луѓе, дел заради тоа што ветиле за време на изборите на оние што ,,трчале за нив" дека ќе ги вработат и дел за да обезбедат сигурни гласачи."

Пресметките се дека кај нас имаме околу 150.000 вработени во јавната администрација. Во институциите на ЕУ, кои опслужуваат 450 милиони граѓани од 27 земји што се членки, има 170.000 вработени. Експерите порачуваат земајта да ги послуша критиките и да заборави на партиските вработувања. Тие велат дека во догледно време власта ќе се најде под толкав притисок да мора да с еоткаже о своите планови за вработување на свои приврзаници, но тогаш ќе настане нов проблем, незадоволни близу 7,5 проценти од населението, плус нивни роднини и пријатели, а тоа би довело до социјални немири.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG