Достапни линкови

Aпел за немешање на новинарите


По повод јавните напади и меѓусебни пресметки на медиумите во Македонија, Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Центарот за развој на медиумите го осудуваат вмешувањето на новинарите и уредниците во судирот меѓу сопствениците на медиумите. Според соопштението, тоа им оневозможува новинарите да ја извршуваат работата со професионален интегритет, одговорност, независност и во функција на јавниот интерес. Тие апелираат до сопствениците на медиумите да ги прекинат јавните меѓусебни пресметки, а надлежните институции да стават крај на хаосот во кој егзистираат и функционираат медиумите во Македонија.
XS
SM
MD
LG