Достапни линкови

Во Сомалија киднапирани двајца хуманитарци


Вооружени лица киднапирале двајца вработени во британската хуманитарна организација Спас за децата во Сомалија. Агенциите јавуваат дека настанот се случил вчера во близина на границата со Етиопија. Британскиот Форин офис соопшти дека ја испитува информацијата. Киднапирањата се честа појава во Сомалија која веќе дваесет години нема функционална влада. Во изминативе години исламските милитанти се борат против привремената влада која е поддржана од Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG