Достапни линкови

Клиниките штедат


Пациенти пред државната Клиника

Пациенти пред државната Клиника

Штедењата во здравството на ,,грбот" на пациентите. Пред оперативен зафат наместо на Клиника, пациентите треба амбулантски или приватно да ги направат испитувањата.

Пациентите се соочуваат со енормно големи проблеми тогаш кога е поставена дијагноза и треба да бидат оперирани. Согласно штедењата кои се принудени да ги прават најголемиот дел од клиниките кои оперираат, потребно е сите испитувања кои им се потребни на пациентите да бидат направени амбулантски или во некоја од специјалистичките приватни ординации. Тоа значи дека пациентот не само што дополнително е изложен на плаќање за секој од овие прегледи, туку она што е уште пострашно е што мора да чека на ред, а треба да бидат направени минимум три до четири прегледи за да бидат задоволени сите оние резултати кои се потребни за да биде направена
Ниту еден пациент не се враќа од болниците поради намален буџет. Едноставно мора да се евидентира секоја услуга што се дава бидејќи тоа е единствениот начин за болниците да можат после да ги фактурираат тие услуги, а ние работиме само на реорганизација на системот за услугата да се добие на место каде што живее и таа да се добие квалитетно
операција:

,,Секакво испитување дополнително, те пуштаат во амбуланта, клиника секаде, меѓутоа се се плаќа. Ме пратија на Клиника на онкологија платив 1 500 денари, после тоа повторно на Клиника платив уште 550 денари."

,,Тоа што немаат упатуваат во друга институција. Бевме во болницата во Чаир за утврдување на крвна група, не упатија овде во Градска болница бидејќи со тие апарати што таму ги имаат неможат да утврдат крвна група."

Слични искуства имаат многумина што имале потреба од здравствена интервенција. Од друга страна во последните неколку години бевме сведоци на повеќе реформски чекори и обиди, особено во сферата на финансирањето на здравствениот систем. Но министерот негира дека и оваа влада ја продолжува тенденцијата на префрлување на трошоците на финансирање од државата на граѓаните. Не се случило било која болница да одбие да даде услуга. Се работи на реорганизација на системот да се добие услуга таму каде што живее пациентот и да ја добие таа услуга квалитетно, кажа министерот за здравство Бујар Османи во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела:

ургентен центар
,,Ниту еден пациент не се враќа од болниците поради намален буџет. Едноставно мора да се евидентира секоја услуга што се дава бидејќи тоа е единствениот начин за болниците да можат после да ги фактурираат тие услуги, а ние работиме само на реорганизација на системот за услугата да се добие на место каде што живее и таа да се добие квалитетно."

Др Весна Велиќ Стефановска е претседател на Здружението за правата на пациентите. Според нејзините согледувања, клиниките и сега имаат можности да ги прават испитувањата во рамките на хоспитализацијата, но проблем се парите со кои располага за да може да ги задоволи потребите на пациентот:

,,Клиниката настојува да сите испитувања пациентот ги прави пред да биде хоспитализиран или пак да го отпушат после операцијата за да контролните прегледи ги направи повторно амбулантски. Значи се оди повторно во правец за колку што е можно поголемо штедење, односно намалување на трошоците на ниво на Клиника."

Ова дополнително ги оптоварува пациентите кои не живеат во Скопје, со оглед на тоа дека е потребно вакви испитувања кои за намалување на трошоците ги прават амбулантите да бидат направени во местото на живеење.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG