Достапни линкови

Иран ја прифаќа понудата за обновување на преговорите


Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки изјави денеска во Брисел дека Техеран сака да разговара за конкретни датуми за преговори со 6-те големи сили во врска со неговата нуклеарна програма. Мотаки оцени дека е добра вест понудата од Брисел за преговори. Вчера, шефицата за надворешни работи на Европската Унија, Кетрин Ештон предложи новата рунда преговори да се одржи во средината на ноември во Виена. Преговорите на Иран со 6-те големи сили, Соединетите Држави, Велика Британија, Франција, Германија, Кина и Русија, се во прекин од октомври 2009-та.
XS
SM
MD
LG