Достапни линкови

Пакистан нуди помош во преговорите со талибанците


Пакистанскиот министер за надворешни работи Мехмуд Куреш денеска во Брисел понуди помош од неговата земја во преговорите меѓу авганистанската влада и талибанците, изјавувајки дека мирот и стабилноста во Авганситан се од интерес и за Пакистан. НАТО и американските претставници вчера им дадоа подршка на напорите на авганистанските власти за започнување преговори за мир со талибанците. Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расусен изјави дека Алијансите ќе ги подржи преговорите, но ја отфрли можноста од прекин на воените операции против авганистанските бунтовници.
XS
SM
MD
LG