Достапни линкови

Хрватска:Дунав со повеќе алуминиум од дозволеното


Во водите во Дунав во Хрватска е забележано повисоко од дозволеното количество алуминуум, соопштуваат тамошните власти. Алуминиумот во Дунав се најде откако пред една недела се случи истекувањето на отровна тиња во Унгарија. Хрватскиот завод за заштита и спасување, по земените примероци од Дунав соопшти дека нивото на алуминиум е 4,5 пати повисоко од нормалното. Но оваа ниво се намалило на 2,1 од средата попладнето па наваму. Од хрватската агенција за токсикологија, изјавуваат дека нивото не преставува никаква опасност за здравјето на луѓето.
XS
SM
MD
LG