Достапни линкови

logo-print

Дали САД ќе ја обвини Кина за злоуботреба на јуанот?


Денеска истекува рокот во кој администрацијата на Барак Обама треба да одлучи дали ќе ја обвини Кина дека ја користи својата валута за да си обезбеди предности во трговијата. Аналитичарите велат дека Обама се соочува со притисок во Конгресот за да се казни Кина за трговската политика која се одразува врз трошоците за производство во САД и врз работните места. Во исто време, американските официјални лица на соработка со Кина гледаат како на суштинска за американските напори за справување со нуклерните програми на Иран и Северна Кореја,со климатските промени и други тешки прашања.
XS
SM
MD
LG