Достапни линкови

Клинтон загрижена за кратење на воениот буџет во Британија


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изрази загриженост поради плановите на Британската влада за намалување на трошоците во одбраната. Во изјавата за Би Би Си, Клинтон вели дека одржувањето на НАТО
како најуспешен одбранбен сојуз , бара од сите 28 земји-членки, да направат соодветен придонес. Наредната недела во Велика Британија треба да се прави преглед на буџетот за одбраната. Министерството за финансии бара намалување до 10 проценти во Министерството за одбрана на буџетот за периодот од 2011 до 2015 година.
XS
SM
MD
LG