Достапни линкови

Војска на САД:77 илјади загинати во Ирак од 2004 до 2008


Близу 77 илјади цивили и припадници на безбедносните сили загинале во Ирак од почетокот на 2004-та до средината на 2008-та година, покажуваат проценките на американскта војска. Нивните проценки покажуваат многу помалку жртви отколку проценките на ирачката влада. Ирачкото министерство за човекови права минатата година објави дека во тој период загинале над 85 илјади луѓе. Тогаш се водеа најжестоките борби меѓу ирачките верски заедници, и беа испратени најмногу американски војници да помогнат насилството да се намали. Според податоците на американската војска објавени на веб сајтот на Централната команда во Ирак, во тој период се повредени повеќе од 121 илјади луѓе. Во истиот период загинале 3.952 американски или војници на сојузничките меѓународни сили.
XS
SM
MD
LG