Достапни линкови

Чилеанските рудари се канат на фудбалски натпревари


Ослободените рудари во Чиле добиваат покани од водечките фудбалски клубови во Европа и во Јужна Америка да ги посетат клубовите и да присуствуваат на натпревари. Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез ги повика 33-цата рудари да го посетат стадионот Сантјаго Бернабе и да го прослават ослободувањето. Слична акција планира и Манчестерн Јунајтед. Тренерот пак на Бока Јуниор Клаудио Борги изјави дека сака да се напие чај со рударите. Поранешниот селектор на Аргентина Диего Марадона пратил порака во која наведува дека со тоа што рударите поминаа 69 денови под земја, е доказ дека чудата постојат.
XS
SM
MD
LG