Достапни линкови

logo-print

Турција-загинаа тројца припадници на ПКК


Тројца припадници на бунтовничката Работничка партија на Курдистан (ПКК) беа убиени вчераа на југосисток во Турција, во вториот ден од судирите со турските сили за безбедност кои ги продолжуваат операциите против бунтовниците. Локалните медиуми пренесуваат дека турската армија не добила засилување поради лошите временски услови пред се поради поројните дождови и магла. Владините сили почнаа со операции во областа Тунџели и покрај едностраниот прекин на огнот кој на 13 август ПКК го прогласи за еден месец, а потоа на 30 септември го продолжи на неопределен рок. ПКК се закани дека ќе ги обнови операциите доколку турските трупи продолжат со воени интервенции против таа организација .
XS
SM
MD
LG