Достапни линкови

НАТО ќе подржи преговори со талибанците во Авганистан


Шефот на НАТО, Андерс Фог Расмусен изјави дека Алијансата е подготвена да подржи мировни преговори со талибанците, но ја отфрли можноста за стопирање на воените операции против бунтовниците. Тој ова го изјави на прес-конференција во Брисел.
На истата прес-конференција, американската државна секретарка Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс рекоа дека Вашингтон ќе направи се што е потребно, да ги подржат напорите на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи за помирување со некои талибански структури. Сепак, нагласија дека тоа е сложен проблем и оти таквото решение може и да не функционира
XS
SM
MD
LG