Достапни линкови

Германскиот претседател во посета на најголемите воени гробишта


Германскиот претседател Кристијан Вулф ги посети најголемите германски воени гробишта Сологубовка на 60 километри од Санкт Петерсбург во Русија. Таму почиваат околу 80 илјади германски војници што загинале во Втората светска војна.
Вулф ги посети и гробиштата Пискаревскоје, каде што почиваат десетици илјади граѓани на тогашен Ленинград, а сега Санкт Петерсбуг, што умреле за време на 900-дневната нацистичка опсада на градот од 1941 до 1944 година.
Во вторникот, Вулф се сретна со неговиот руски колега Дмитриј Медведев во Москва, а потоа со воз пристигна во Санкт Петрсбург.
XS
SM
MD
LG