Достапни линкови

logo-print

ММФ - Српската економија најдобра во регионот, растот до 1,5 отсто


Србија има поголем стопански раст од соседните земји, но растот на нејзиниот Бруто домашен производ (БДП) во 2010 година веројатно нема да биде повисок од 1,5 отсто. Ова се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд, објавен во врска со петтата ревизија на стенд-бај аранжманот со оваа земја.
Во извештајот, објавен на интернет порталот на ММФ, се проценува дека овогодишниот стопански раст во Србија нема да биде доволен за зголемување на вработеноста. Наредната година оваа земја може да оствари раст од три отсто, додека поголем раст, каков што имаше пред кризата, може да очекува на среден рок.
ММФ предупредува на зголемената опасност од раст на инфлацијата во Србија.
XS
SM
MD
LG