Достапни линкови

Министрите за одбрана и за надворешни работи денеска во Брсиел расправаат за стратегискиот концепт како Алијансата да се соочи со растечката опасност од сајбер и ракетни напади во наредната декада. Министрите ќе расправаат и за предлозите за реформирање на команданата структура на НАТО со цел Сојузот да стане поефикасен.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен деновиве со компјутерски жаргон го демонстрираше планот за Алијансата во иднина. Тој Алијансата од ерата на Студената војна ја опиша како НАТО 1.0, по што, од 1991 до 2011 година, дојде НАТО 2.0.
Генералниот секретар на НАТО Расмусен

,,Сега дојде времето за НАТО 3.0, Сојуз што може да одбрани 900 милиони граѓани на земјите членки на НАТО од заканите со кои се соочуваме денес и ќе се соочуваме во наредните десет години.,,

Новиот концепт за прв пат во историјата на Алијансата не ја карактеризира Русија како закана.

Шефот на НАТО вели дека станува збор за земја партнер во справувањето со голем број закани. Во извештајот што оваа пролет беше изготвен од експерти предводени од поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт се наведува дека некои сојузници имаат заладени чувства кога станува збор за Москва и оти се скептични во врска со посветеноста на руската влада за подобрување на односите со Западот.
Постои трета област каде што НАТО мора да го преземе следниот чекор во ангажирање на поширокиот свет во безбедносната соработка. Накусо, Алијансата треба да развие подлабоки и пошироки политички и практични партнерства со земји од целиот свет.

Сегашниот помирувачки тон на Расмусен доаѓа по неколку месечен жесток притисок од Москва која ја отфрла карактеризацијата дека Русија претставува закана. Амбасадор на Естонија во НАТО Јуриј Луик деновиве изјави дека членките би сакале да се фокусираат врз новите закани во светот кој, како што рече, бил целосно променет од крајот на Студената војна.

Не е тајна дека Естонија, заедно со другите балтички земји и Полска, продолжува на Русија да гледа како на закана. Тие веќе протестираа против француските планови за продажба на офанзивни амфибиски бродови на Русија, а бараат и детални планови во случај да бидат нападнати.

Друго прашање кое продолжува да ги дели сојузниците е иднината на нуклеарното оружје во Европа. Имено, Германија и Франција ја предводат група земји кои сакаат отстранување на американските боеви глави од континентот.

Расмусен вели дека основите на НАТО нема да бидат променети и оти колективната одбрана ќе остане камен темелник на Алијансата. Но, тој исто така изјави дека НАТО се соочува со нови видови на опасност, вклучувајќи ги сајбер војната, нападите врз енергетската инфраструктура, како и ракетните напади.
Американскиот секретар за одбрана Гејтс во Брисел

Затоа тој смета дека Алијансата мора да ги обнови своите способности, со акцент врз мобилни и лесно распоредливи сили. Шефот на НАТО исто така ја истакна потребата за подобра координација со Европската Унија и со Обединетите нации и додава дека Алијансата не е во потрага по нови ангажмани и нови мисии.

,,Постои трета област каде што НАТО мора да го преземе следниот чекор во ангажирање на поширокиот свет во безбедносната соработка. Накусо, Алијансата треба да развие подлабоки и пошироки политички и практични партнерства со земји од целиот свет.,,

Вели генералниот секретар на НАТО кој упати уште една молба до европските сојузници да не остават економската криза да влијае врз нивнното финансирање на Алијансата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG