Достапни линкови

Четврти конгрес „Исламска цивилизација на Балканот“


Во Македонската академија на науките и уметностите денеска почнува Четвртиот меѓународен конгрес „Исламска цивилизација на Балканот“. Конгресот се одржува под покровителство на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, а во организација на Истражувачкиот центар за исламска историја, уметност и култура од Истанбул и Македонската академија на науките и уметностите. Собирот, што ќе трае до недела, треба да ја истакне историјата и наследството на исламската цивилизација на Балканот. Претходно, вакви конгреси се одржани во Софија, Тирана и Букурешт.
XS
SM
MD
LG