Достапни линкови

Рекордно ниска вредност на доларот спрема јенот


Американскиот долар забележа најниска вредност спрема јапонската валута во изминативе 15 години. Кратко време на берзата во Токио доларот се менуваше за 81,28 јени. Доларот е под притисок поради предвидувањата на инвеститорите дека американската Централна банка наскоро ќе соопшти дека ќе отпечати уште долари за откупување дополнителни средства за стимулирање на развојот.
XS
SM
MD
LG