Достапни линкови

Одликување Повелба на Република Македонија за Барчиковски


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денес ќе му го додели признанието “Повелба на Република Македонија’’ на професор доктор Владислав Барчиковски. Тој признанието ќе го добие за неговото несебично ангажирање во згрижувањето и пружањето лекарска помош на Македонците бегалци во Полска за време на граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година, а со тоа и зацврстување на пријателските односи меѓу македонскиот и полскиот народ, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.
XS
SM
MD
LG