Достапни линкови

logo-print

Спасени се сите 33 чилеански рудари


И последниот 33 -ти рудар кој заедно со со своите колеги беше зараобен под земја 69 дена доцна синоќа е извлечен. Целата спасувачка акција на 33-цата чилеански рудари траела 22 часа. Многу од рударите имааат сериозни проблеми со забите а дел и со очите , еден од нив има пневмонија. При излегувањето на површината рударите носеле темни очила за да не им се оштети видот. Очилата ќе треба да ги носат непрекинато во наредните неколку денови додека не се адаптираат на дневната светлина.
Повеќе од два месеци, тие беа затрупани во топлата и влажна јама, на 700 метри под пустината Атакама.
Рударите се извлекува еден по еден во специјално дизајнирана капсула за таа намена. Министерството за здравство соопшти дека рударите се во подобра здравствена состојба од очекуваното.
XS
SM
MD
LG