Достапни линкови

Ирак отвори амбасада во Авганистан


Ирак денеска отвори амбасада во главниот град на Авганистан, Кабул. Ирачкиот амбасадор во Авганистан рече дека тоа ќе ги зајакне дипломатските односи меѓу двете земји и ќе им биде од корист на Авганистанците што сакаат да ги посетат светите места во Ирак. Авганистан соопшти дека наскоро планира да отвори амбасада во Багдад.
Ирак ги прекина дипломатските односи со Авганистан во 1996 година, откако талибанците го зазедоа Кабул.
Сепак, Ирак и до сега одржуваше дипломатски односи со сегашната авганистанска влада.
XS
SM
MD
LG