Достапни линкови

Анџелина Џоли не може да снима во Босна


Босанските власти ја повлекоа дозволата за холивидската ѕвезда Анџелина Џоли да снима филм во земјата, поради поплаки на содржината. Режисерското деби на Џоли е љубовна приказна за време на војната во Босна. Според сараевските медиуми, главните ликови се една босанска муслиманка која е силувана од српски војник во кого таа подоцна ќе се вљуби.
Властите велат дека дозволата за снимање е повлечена по протестот на невладината организација „Жени-жртви на војната“. Организацијата смета дека приказната е „неприфтлива“ и оти може да им предизвика „дополнителна емоционална болка“ на жртвите на силувањата.
XS
SM
MD
LG