Достапни линкови

logo-print

Србија официјално и се извини на Италија за дивеењето на хулиганите


Италија доби официјално извинување од Белград за однесувањето на српските навивачи во Џенова, што предизвика прекин на синоќешниот квалификациски натпревар Италија-Србија за Евро 2012. Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини рече дека неговиот српски колега Вук Јеремиќ, во телефонски разговор официјално му се извинил во името на српската Влада.
Италијанската полиција уапси 17 навивачи од Србија, а уште 138 идентификува врз основа на видео-снимки од безбедносните камери.
По прекинатиот натпревар, српските хулигани дивееле на улуците на Џенова и се тепале со полицијата.
XS
SM
MD
LG