Достапни линкови

Истрага за српски екстремистички организации


Српското Обвинителство ќе почне истрага за откривање на финансиерите на екстремистичката организација „Образ“ и слични организации. Лидерот на „Образ“ Младен Обрадовиќ беше уапсен два часа пред почетокот на геј-парадата во Белград, што се одржа во неделата, а најголемиот број учесници во насилствата се членови на неговата организација.

„Цела Србија е излепена со плакати, а тоа чини многу. Во насилатвата во неделата беа ангажирани и мотоциклисти, кои ги снимаа полицајците, а користеа и други методи на работа, за што е потребна материјална поддршка. Поголемиот број членови на „Образ“ се млади луѓе без постојани приходи, но пред геј-парадата забележан е голем проток на пари на сметката на организацијата“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Српските власти утврдиле дека Обрадовиќ имал контакти и со некои политичари, но немаат докази дека зад дејствувањето на „Образ“ во неделата стои некоја политичка партија. Обвинителството не ја исклучува можноста „Образ“ финансиски да е помагана од слични странски организации, пред се од руски екстремистички организации.
Обрадовиќ при распитот во полиција се бранел со молчење.
XS
SM
MD
LG