Достапни линкови

Поставени бистите на народните херои во Битола


По три години минати по канцелариите на борците, општина Битола конечно издаде одобрение за поставување на бистите на народниот херој Вангел Нечевски-Тунелот и Коле Љачето.

Бистите на народниот херој Вангел Нечевски Тунелот и Коле Љачето конечно излегоа на виделина. По три години минати по канцелариите на борците, општина Битола се смилува и даде одобрение да се постават на градското шеталиште. И покрај придонесот на овие борци во народно-ослободителната борба, од кои едниот загина на 22 години, сепак нивните бистите долго време беа заложници на односите меѓу раководството на боречката организација и локалната власт. Дури претседател беше Гавро Пановски, меѓу кого и градоначалникот Владимир Талески постоеа недоразборања, бистите не беа поставени. Проблемот се реши само неколку месеци по изборот на ново раководство на сојузот.

,,Од подолго време беа испланирани, а посебно ми е драго да кажам дека во соработка со локалната власт бистите сега се веќе неместени." изјави претседателот Илија Малевски.

Се сеќавам најмногу на црнината на мојата баба, а негова мајка Домка и на нејзините пресушени очи од плачење ...
Градоначалнилкиот Талески веќе не ја споменува идејата за дислокација на бистите од НОБ во посебна алеја која претходно ја најавуваше, сега е горд што тие го красат градското шеталиште.

,,Направивме нешто заедно со Сојузот на борци од Битола, нешто што Битола го должеше и многу оддамна требаше да го направи. Преку нашето јавно претпријатие „Комуналец“ ги изработивме постаментите, а борците ги имаа бистите. Мислам дека направивме исклучителна чест и наша гордост е што овие имиња кои значат револуција, храборост денес ги имаме заедно со останатите бисти на борци во најубавиот дел на градското шеталиште." изјави градоначалникот.

Од семејствата на борците со апел, никогаш да не го заборавиме минатото зашто иднината се гради врз него.

,,Сакам да споделам неколку сеќавања од нашето семејство за Коле Љачето. Беше храбар и беше секогаш во првите борбени линии. Загина достоинствено на планината Бистра. Се сеќавам најмногу на црнината на мојата баба, а негова мајка Домка и на нејзините пресушени очи од плачење." рече Добринка Крстановска внука на првоборецот Љачето.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG