Достапни линкови

Службеник или бизнисмен?


Младите луѓе почесто се решаваат за работа во администрација, отколку за свој бизнис

Младите луѓе почесто се решаваат за работа во администрација, отколку за свој бизнис

Младите луѓе во Македонија тешко се охрабруваат да започнат свој сопствен бизнис. Парите, но и немањето поддршка од државните институции го сметаат за главен проблем.

Прво да се наследат пари за да се почне со бизнис, ако нема наследство тогаш со партиска книшка, спас може да се бара во јавна администрација, вака размислуваат дел од младите луѓе во земјава. Ставот од неуспех, недостаток на капитал, ризик од соочување со правни и економски потешкотии ги спречува младите луѓе да започнат свој бизнис. Во основа поголемиот дел од младите сметат дека е многу поисплатливо да се биде сам свој газда, но тука се и проблемите.
Треба да имаш наследство или да наследиш некој стар бизнис од семејството, а за да почнеш сам во Македонија е навистина тешко


,,Треба да имаш наследство или да наследиш некој стар бизнис од семејството, а за да почнеш сам во Македонија е навистина тешко."

,,Па нема ни пари, со што да почнеш бизнис. Неработам никаде, како да земам кредит?"

,,Заработувачката во приватниот бизнис мислам дека би била поголема, а во ова време моментално мислам дека 60 отсто од луѓето сакаат државна администрација."

Дваесет и четири годишниот археолог Николина Симовска неодамна отвори фирма за оргазнизација на свадби и слични свечени настани. Почетниот капитал го добила од балканска фондација. Таа вели дека во Македонија е тешко млад човек да успее да претвори бизнис идеата во добра заработувачка.
Банките кај нас се лихварски организации, не сакаат никако да влезат во некаков ризик со младите, неискусните, со оние на кои што останува иднината во општеството, а од друга страна пак ниту владините институции не се претргаат од работа да ги охрабрат


,,Значи има одредени проблеми со кои што се соочувам, на пример недоволна застапеност на пазарот од ваков тип, проблем со наоѓање на материјали и слично, се разбира финансискиот аспект, на пример за проширување, за ширење на бизнисот, за отварање на свое студио бидејќи сека работам од дома."

Според истражувањето на невладината организација, ,,Претпримечки сервис за млади" само 7 проценти од младата популација размислува за основање на бизнис. Професорот Христо Карталов вели дека никој не ги охрабрува младите да започнат со некаков бизнис.

,,Банките кај нас се лихварски организации, не сакаат никако да влезат во некаков ризик со младите, неискусните, со оние на кои што останува иднината во општеството, а од друга страна пак ниту владините институции не се претргаат од работа да ги охрабрат, да им понудат дел од капацитетите на државните институции."

Тој додава дека младите во ова време се движат на линија на помал отпор па полесно им е да извадат партиска книшка и да чекат вработување одошто да се потрудат да основаа свој бизнис.

,,Кога гледаат дека партиските вработувања функционираат и бргу се остваруваат по таа логика младите се определуваат по линија на помал отпор, подобро со мала платичка во државната администрација, отколку со големи ризици и неизвесности што пазарот може да ги донесе."

Но, дел од вината треба да се бара и во недостокот на практични знаења и квалитетно образование кај младите и недоволната спремност да прифатат ризик, вели Карталов.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG