Достапни линкови

Ахмадинеџат во контроверзна посета на Либан


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат пристигна во прва официјална посета на Либан. Ахмадинеџат ќе има средба либанскиот претседател и со про-западниот премиер, а предвидено е тој да се прошета и низ упориштата на Хизболах во јужен Бејрут и во местото Бинт Јбеил, во близина на границата со Израел. Инаку, автопатот од аердромот до Бејрут беше декориран со ирански знамиња и постери со подршка за Ахмадинеџат. Посетата на Ахмадинеџат е критикувана од либанското про-западно парламентарно мнозинство, кое смета дека тој сака да го претвори Либан во иранска база на Медитеранот. Посетата ја критикуваа и Соединетите Држави и Израел.
XS
SM
MD
LG