Достапни линкови

logo-print

Извлечен првиот чилеански рудар


Првиот од 33-та чилеански рудари кои 68 дена беа затрупани на длабочина од над 620 метри под земја, е извлечен на површината во 5 часот и 10 минути по средноевропско време. Со звуците на рударската сирена, аплауз од спасителите и членовите на семејствата на рударите, како и од највисоките претставници на Чиле, 31- годишниот Флоренсио Силва беше пречекан од сопругата и двете деца. Подоцна тој беше испратен на лекарски преглед, а операцијата на спасување продолжува се до извлекување на сите рудари.
XS
SM
MD
LG