Достапни линкови

Хилари Клинтон денеска во посета на Косово


Американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска ќе престојува во посета на Косово, каде што ќе се сретне со вршителот на должноста претседател Јакуп Красниќи и со премиерот Хашим Тачи. Како што е најавено, Клинтон ќе го посети и манастирот Грачаница, а ќе има и состанок со претставници на невладини организации и организации на жени. Таа во Приштина ќе допатува од Белград, а потоа заминува за Брисел, каде што ќе разговара со шефот на дипломатијата на ЕУ Кетрин Ештон и ќе присуствува на состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.
XS
SM
MD
LG