Достапни линкови

Холандскиот парламент ќе расправа за кандидатурата на Србија


Комитетот за европски прашања на долниот дом на холандскиот парламент денеска ќе расправа за ставот на Холандија спрема кандидатурата на Србија за членство во ЕУ. Се очекува на пратениците да им се обрати вршителот на должноста шеф на дипломатијата Максим Ферхаген, кој пред дебатата изјави дека холандската влада и натаму смета оти приближувањето на Белград кон Унијата треба да биде условено со целосна соработка со Хашкиот трибунал, но дека дозволува можност на кандидатурата да и биде дадено зелено светло на претстојното заседание на Советот на министри на ЕУ во Луксембург.
XS
SM
MD
LG