Достапни линкови

logo-print

Укинат мораториумот за вадење нафта во Мексиканскиот залив


Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама го укина мораториумот на вадењето на нафта од морските длабочини, воведен кон крајот на април по катастрофата на платформата на Бритиш Петролеум во Мексиканскиот залив. Беше предвидено забраната за вадење нафта да трае до крајот на ноември, но американскиот министер за внатрешни работи Кен Салазар изјави дека мораториумот е укинат порано, поради новите правила кои се воведени откако на платформата на БП се подобрени безбедносните мерки и е намален ризикот од слична катастрофална експлозија. Аналитичарите сепак сметаат дека американската администрација подлегнала на силните притисоци на нафтената индустрија и на други заинтересирани страни и оти затоа решила да го забрза укинувањето на забраната за дупчење.
XS
SM
MD
LG