Достапни линкови

logo-print

Хулигани го прекинаа натпреварот Италија-Србија


Квалификацискиот натпревар за Европското првенство во 2012 година меѓу Италија и Србија во Џенова е прекинат поради хулиганското однесување на навивачите на Србија. Почетокот на натпреварот доцнеше повеќе од половина час поради инцидентот на српските навивачи, кои ги сечеа мрежите зад голот и фрлаа факели на теренот. По интервенцијата на полицијата натпреварот почна, но само до седмата минута, кога хулиганите продолжија да дивеат на трибините, па судијата одсвири крај на натпреварот. Инцидентите почнале уште во текот на вчерашниот ден, кога хулиганите пред хотелот каде што беа сместени репрезентативците на Србија, скандирале навредливи пораки до поранешниот голман на Црвена Звезда, а сега на Партизан, Владимир Стојковиќ. Тие подоцна го нападнале автобусот на фудбалерите и се обиделе да се пресметаат со Стојковиќ, но директниот судир го спречиле другите играчи, кои ги исфрлиле напаѓачите од автобусот.
Генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Италија Антонело Валентино изјави дека делегатот на УЕФА треба да поднесе извештај, по што ќе биде позната казната за Србија, но додаде оти очекува Италија да го добие натпреварот службено со 3:0.
XS
SM
MD
LG